ФОТО. Фејсбук, ЦУК

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) во 13:11 часот на Единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК е добиена информација дека патничко моторно возило марка „голф“ влетало во реката кај мост „Кочо Рацин“ во Прилеп.
Од Регионалниот ЦУК Битола контактирале со ТППЕ Прилеп и добиле известување дека имаат екипа на лице место, како и од Итна медицинска помош Прилеп и дека во возилото имало две лица кои се извлечени. На терен, согласно ситуацијата, била излезена и полициска екиа од Полициската станица Прилеп.
Едното од лицата е неповредено, додека другото било повредено, но било надвор од животна опасност
– Конкретно, ЦУК има информација од МВР Прилеп дека ангажираните екипи од Системот за управување со кризи (СУК) се уште се на терен и е повикана „шлеп“ служба за извлекување на возилото. Во возилото имало 2 лица, од кои едното лице се здобило со лесни телесни повреди и е пуштено на домашно лекување, додека другото лице е со тешки телесни повреди, но е вон животна опасност и веднаш е транспортирано со Брза помош во ЈЗУ Општа болница „Прилеп“ – велат од ЦУК.