Британскиот премиер Борис Џонсон во телефонски разговор побарал од американскиот претседател Доналд Трамп да ги укине новите царини на стоките, вклучително и за шкотското виски, изјави портпаролот на британската влада. Џонсон го повикал и да не наметнува и царини за автомобили.

– Двајцата лидери ја потврдија својата заложба за зајакнување на специјалниот однос со силен билатерален договор за слободна трговија, откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ. Претседателот исто така ја истакна потребата сојузниците на НАТО силно да ја финансираат својата одбрана – соопшти Белата куќа.

САД минатиот месец воведоа нови царини од 25 проценти на шкотско виски и други европски производи. Администрацијата на Трамп најави воведување дополнителни 25 проценти царини за автомобили и за автоделови.