Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и во наставничката. Најмалку три лица се тешко повредени. Нападот се случил во училиште во американската сојузна држава Ајдахо.

Жртвите биле погодени во рацете и нозете и најверојатно повредите не се опасни по живот, соопшти полицијата на прес-конференција.

Шерифот на округот Џеферсон, Стив Андерсон изјавил дека девојчето извадило пиштол од ранецот и испукало повеќе куршуми и надвор од училиштето во Ригби, на околу 145 километри југозападно од националниот парк Јелоустоун.

Наставничката успеала да ѝ го земе оружјето на девојчето и да ја задржи додека да дојде полицијата. Девојчето е однесено во притвор и се истражува мотивот за нападот, како и од каде ѝ било оружјето.

Повредените ученици се во болница, а наставничката е пуштена на домашно лекување.