Американскиот претставник Џастин Амаш, кој ги напушти републиканците минатото лето по судирот со претседателот Доналд Трамп и гласаше во прилог на неговото отповикување, објави дека се подготвува да се кандидира на претседателските избори во ноември.

Пратеникот од Мичиген најави дека иницирал формирање на подготвителен одбор, што е силен знак дека ќе се натпреварува за Белата куќа.

Избран за пратеник во 2010 година, Амаш (40) е независен пратеник откако ја напушти својата партија минатата лето. Тој има намера да ја добие номинацијата на либертаријанците, партија која силно се залага за индивидуални слободи и минимално количество на закон.

– Ние сме подготвени за претседателство што ќе го врати почитувањето на нашиот Устав и повторно ќе ги зближи луѓето – напиша тој на Твитер.

Актуелниот претседател Трамп и демократот Џо Бајден, поранешен потпретседател, ќе се соочат на претседателските избори на 3 ноември.

Доколку тој официјално ја потврди својата кандидатура, Амаш би можел да ја добие поддршката на некои републиканци, фрустрирани од политиката на Доналд Трамп, како и од демократите незадоволни од изборот на Џо Бајден.