Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, и понатаму е убедена дека најдобриот начин за Велика Британија да ја напушти Европската Унија е преку договор.

-Работев напорно преговарајќи го најдобриот можен договор за излез на Обединетото Кралство од Европската Унија. Сега им останува на моите наследници да се надеваат на решение и да дојдат до компромис- изјави Меј по доаѓањето на состанокот со лидерите од ЕУ.

Таа не сакаше да ги коментира најавите дека по нејзиното заминување, Велика Британија би можела да се соочи со хаотичен брегзит, без договор со ЕУ.