Новиот украински претседател, Володомир Зеленски, одлучи на поранешниот грузиски претседател, Михаил Саакашвили, да му го врати украинското државјанство.

-Се враќам дома. Благодарам, претседателе Зеленски- објави Саакашвили на „Фејсбук“.

Саакашвили до 2013 година беше претседател на Грузија, а две години подоцна беше именуван за гувернер на Одеса, престижен украински регион на брегот на Црното Море.

Една и пол година подоцна поднесе оставка обвинувајќи го тогашниот украински претседател, Петро Порошенко, за продлабочување на веќе вкоренетата корупција по што му беше одземено украинското државјанство, потсетува АП.

Саакашвили ја поддржа кампањата на Зеленски за претседател на Украина.