При ширењето на КОВИД-19, здравствените работници ја истакнаа потребата за зачестеното миењето на рацете на соодветен начин. Но, коронавирусот исто така може да опстане и на неживи површини како што се металот, стаклото или пластиката до девет дена, се наведува во нова студија од германски истражувачи. 

Уредот кој е изграден од овие материјали што често го користиме, допираме а понекогаш го држиме блиску до лицето претставува смарт телефонот. 

Истражувачите имаат сублимирани податоци од 22 студии за човечки коронавируси, како што се тешка акутна респираторна синдром (САРС) коронавирус, средноисточен респираторен синдром (МЕРС) коронавирус и ендемичниот човечки коронавирус (HЦоВ) .

Истражувањата од студијата покажуваат дека дезинфекција на ваквите површини со раствор кој содржи 0,1 отсто натриум хипохлорит или од 62 до 71 отсто етанол, значително влијае на намалување на инфективноста на површините. Дезинфекцискиот раствор, доколку се нанесува една минута, е ефективен против САРС-КоВ-2, вирусот што го предизвикува КОВИД-19, наведува Центрот за контрола и превенција на болести

Со други зборови, паметна идеја е да ги миете рацете често, но подеднакво важно е често да ги дезинфицирате металните, стаклените и пластичните површини што ги користите.