Лидерите на суданските протести и суданската опозиција денес повикаа на граѓанска непослушност поради, како што рекoa, разочарувачкиот одговор на војската на нивните „уставни понуди”.

– Ние повикуваме и се подготвуваме за граѓанска непослушност – рече водачот на Декларацијата за слобода и промена, Мадани Абас Мадани.

Демонстрантите во Судан неодамна ги прекинаа преговорите со преодниот воен совет, бидејќи не се исполнети нивните барања за војската да ја предаде власта на цивилите.