Обидот на раперот Канје Вест да се приклучи во претседателската трка претрпе уште еден удар, овојпат од стар часовник, пренесува „Њујорк пост“.

Окружен суд пресуди дека Вест кој задоцнил 14 секунди во однос на рокот за поднесување на кандидатура, минатиот месец, со што не може да учествува како независен кандидат на претседателските избори во сојузната држава Висконсин.

– Судот верува дека кога часовникот ќе отчука пет пати, тогаш е пет часот попладне. Секој момент по отчукувањето веќе е по пет часот – напишал судијата Џон Заковски од округот Браун во неговото образложение за одлуката.

Кампањата на Вест поднесе тужба на 29 август откако изборниот одбор на Висконсин ги отфрли неговите документи за поднесувње кандидатура поради пропуштениот рок, тврдејќи дека државниот изборен закон му овозможува да ги поднесе до 17 часот и една минута. Сега се очекува Вест да поднесе жалба до врховниот суд на Висконсин.

Претходно врховниот суд на Охајо пресудил дека Френк Лароуз, државниот секретар на американската сојузна држава Охајо постапил во согласност со законот кога исто така ја одбил кандидатурата на Вест. Во пресудата, меѓу другото, е потенцирано дека Вест и неговата кандидатка за потпретседател Мишел Тидбол не го почитувале државниот закон. Лароуз како причина ги навел неусогласените информации во документите за собирање потписи, особено нагласувајќи дека потписите на Тидбол на различни документи не се совпаѓаат. Според Курт Хартман, адвокатот на Вест, потписите се веродостојни, а Мишел Тидбол под заклетва потврдила дека тие се нејзини.

Раперот кој се смета за поранешен поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп, призна дека неговата кампања би можела да им наштети на шансите на кандидатот на Демократската партија Џо Бајден. Вест веќе вложи речиси шест милиони долари од неговото богатство (се проценува на 1,3 милијарди долари) во претседателската кампања.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 3 ноември.