Во 2012 година Мохамед Морси (67) стана првиот демократски изгласан престседател на Египет. Една година подоцна тој беше соборен од страна на војската и држен во затвор поради низа обвинувања.

Откако дојде на власт, тврдоглавите исламистички политики на Морси повторно ги извлекоа демонстрантите на улиците, во толку голем број, што во јули 2013 година, армијата ја собори владата апсејќи го Морси и неговите приврзаници од Муслиманското Братство.

Соборениот египетски претседател синоќа колабирал и починал во судот на Каиро, кратко откако ја дал конечна изјава на неговото судење поради обвинувањата за шпионажа, пренесува Си-ен-ен.

Откако се онесвестил, Морси бил веднаш пренесен во звучно изолираната стаклена ќелија во судницата, соопштиле од јавното обвинителство на Египет.

– Зборуваше седум минути пред рочиштето да биде одложено. Една минута подоцна, видовме гужва во стаклената ќелија на судот и ги слишнавме обвинетите како викаат дека Морси загубил свест – изјавил за Си-ен-ен адвокатот на Морси, Абдел Монеим.

Ал Ахрам, функционер на владата на Египет, на Интернет ја објавил веста дека поранешниот лидер доживеал срцев удар. Тој бил прогласен за мртов веднаш по неговото пристигнување во болница, во 16.50 часот. На неговото тело немало очигледни повреди, велат од обвинителството.

Се очекува неговата смрт да го зголеми притисокот на египетската влада во врска со нејзиното почитување за човековите права, особено за условите во затворите каде што се држат илјадници исламисти.

Тој беше погребан само неколку часа по неговата смрт, во Наср Сити, област во источен Каиро, заедно со други истакнати личности од Муслиманското Братство, објави денес неговата сопруга Наглаа Махмуд на нејзиниот фејсбук-профил.