Новата руска лимузина со подвижен покрив на претседателот Владимир Путин, беше возена низ Москва, за време на пробите за парадата за Денот на победата.

Лимузината е вредна 140.000 евра, а во генералната проба била изведена со редовни војници кои марширале и масивна воена опрема, пренесе „Дејли мејл“.

Новиот модел „Аурис кабриелот“, тежок шест тони и со В-8 мотор, ќе почне да се продава оваа година. Аурис, чие име се состои од делови од латинското име за злато ( aurum) и на Русија, бројни светски часописи го опишаа како копија на „ролс-ројс“.

Пробата е одржана во пресрет на парадата, кога на Црвениот плоштад ќе маршираат трупи на руската војска, а ќе биде претставено и најновото вооружување.