Русија официјално го усвојува договорот склучен во Париз во 2015 година, се наведува во документ потпишан од рускиот премиер Дмитриј Медведев. Тој денеска даде официјална поддршка на Парискиот договор за климата и нареди руските закони да бидат прилагодени на обврските согласно договорот.

Во документот се наведува и дека ќе „додели финансиски средства на земјите во развој за да ги спречи и прилагоди на климатските промени“.

Иако официјално не се наведува „ратификација“, владата во изјавата вели дека указот означува прифаќање на договорот од страна на Русија и прифаќање на обврските од Парискиот договор.

Претставувајќи го указот на состанокот на владата, Медведев рече дека е важно Русија да учествува во процесот на намалување на емисиите на стакленички гасови.

-Заканата од климатските промени лежи во уништување на еколошката рамнотежа, зголемување на ризикот за успешен развој на клучните индустрии и што е најважно, зголемување на бројот на природни непогоди- рече тој.