Командантот на кинеската армија во Хонгконг по првпат ги коментираше протестите во поранешната британска колонија, која денес има статус на кинески специјален административен регион.

Командатот предупреди дека немирите сериозно го загрозуваат животот и безбедноста на луѓето и не треба да се толерираат, објави британски „Гардијан“.

Тoj исто така порача дека кинескиот гарнизон е одлучен да го заштити националниот суверенитет, безбедност, стабилност и просперитет на Хонгконг.

Властите во Хонгконг во текот на неделава покренаа обвиненија за 42 демонстранти, кои беа ослободени со кауција.

Протестите во Хонгконг кои се одвиваат осум последователни недели беа предизвикани од предлогот на тамошните власти за екстрадиција на осомничени сторители во Кина.

Иако лидерката на Хонгконг, Кери Лам, призна дека законот за екстрадиција доживеа комплетен неуспех, целиот случај предизвика голема политичка криза, а протестите прераснаа во демонстрации на општо незадоволство на граѓаните.

Хонгконг под будното око на кинеската армија