Белгиските власти уапсија еден човек откако беше пронајдена мала количина експлозив на прометна пруга во близина на Брисел. Обвинителството соопштило дека осомничениот немал профил кој одговара на терорист и дека до утре нема да има повеќе информации.

Возниот сообраќај е во прекин по пронаоѓањето на торбата која не можело да биде оставена на тоа место повеќе од 24 часа.

Во околината на Брисел и натаму се засилени мерките на безбедност, воведени по бомбашкиот напад на аеродромот и метрото на 22 март 2016 година кога загинаа 32 лица.