Русите од денеска ќе пијат поскапа вотка, по одлуката на Министерството за финансии да ја зголеми цената на омилениот пијалок на таа нација на 3,3 евра.

Љубителите на чашка вотка, исто така, ќе се соочат со зголемување на цените на другите алкохолни пијалоци така што минималната цена на половина литарско шише коњак ќе поскапе на околу 7 евра, додека шише ракија ќе чини над 5 евра.Според руски медиуми, се преиспитуваат цените и за одделни видови вина.