Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси и американската гимнастичарка Симон Бајлс се најдобри во светот во 2019 година, во изборот на Меѓународното здружение на спортски новинари (АИПС). Во гласањето учествувале 331 новинар од 102 земји во светот.

Напаѓачот на Барселона Меси добил 394 гласа. Во гласањето тој ги победил атлетичарот од Кенија Елиуд Кипчоге (361), тенисерот Рафаел Надал (282), португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо (240) и британскиот Ф1 возач Луис Хамилтон (232).

Петкратната светска првенка од првенството во Штутгарт Бајлс во изборот добила 452 гласа. Таа победила во конкуренција на американската репрезентативка во фудбал Меган Рапино (406) и атлетичарката од Јамајка Шели Ен Фрејзер-Прајс (331).

Инаку, Бајлс и во 2018 година ја добила оваа награда.

Новинарите од АИПС наградата за најдобар спортски тим му ја доделиле на Ливерпул.