Муслиманите во градот Баерум го прогласија за херој 65-годишниот маж кој го собори напаѓачот во џамијата во Норвешка. Сведоците велат дека Мохамед Рафик го соборил човекот кој сега се сомничи за тероризам и успеал да го држи под контрола се до доаѓањето на полицијата, иако во процесот бил поврден, објави „Индепендент“.

Рафик заедно со уште две лица бил присуден во исламскиот центар ал-Нур во градот Баерум во саботата, кога маж упаднал во просториите со две пушки и пиштол. Напаѓачот кој носел војничка униформа и панцир, според информациите, влегол преку стаклената врата, за време на подготовките за прослава на исламски празник.

– Благодарен сум за целата помош и поддршка што ја добив – рече Рафик.

Според информациите, неколку минути пред нападот, во центарот имало околу 15 луѓе.

Полицијата го идентификуваше осомничениот како Филип Манхаус (21), кој според објавите на социјалните мрежи, може да се заклучи дека е десничарски екстремист инспириран од терористичките напади во Крајстчрч, Поувеј и Ел Пасо.

Тој исто така е обвинет за убиството на неговата 17-годишна полусестра, чие тело беше пронајдено во нејзиниот дом.

Според „Ројтерс“, осомничениот денес не ја признал вината за нападот во саботата и за убиството на неговата полусестра, со што притоа не сакал да разговара со истражителите.

Во 2011 година, Норвешка се соочи со најголемиот терористички напад и масакр во нивната историја, кога поборникот на надмоќност на белата раса Андерс Брејвик застрела 77 луѓе, поголемиот дел од нив тинејџери кои биле на детски камп.