Најмалку осум повредени при експлозија на бомба во Лион

Најмалку осум лица се повредени при бомбашки напад во централен Лион, соопштија француски официјални лица. Експлозијата се случила околу 17.30 часот во пешачка зона во овој град во централниот дел на Франција.

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој го започнaл јавното обраќање до нацијата токму во моментот кога се случила експлозијата, го опиша инцидентот како „напад”, во кој нема загинати.

ТВ БФМ објави дека се повредени 10 лица, меѓу кои и едно дете.