Напаѓачот во колеџот во Керч легално поседувал оружје, соопшти премиерот на Крим Сергеј Аксјонов.

– Тој законски поседувал оружје, рече Аксјонов.

Претходно, пратеникот Александар Хинштајн изјави дека 18-годишниот студент Владислав Росљаков минатиот месец добил дозвола за носење пиштол.

Во вчерашниот напад била активирана експлозивна направа, а потоа напаѓачот пукал со пушка. 

Бројот на жртвите во вчерашниот напад во колеџ во Керч на Крим, се зголеми на 20, соопшти министерката за здравство на Русија.

– Загинаа 20 лица, меѓу кои 15 студенти и пет вработени на факултетот. Од 15 настрадани студенти, 11 се малолетни, изјави таа.

Росљаков беше ученик во четврта година. Неговото тело со прострелна рана е пронајдено во библиотеката на вториот кат. Тој немал криминално досие, не бил агресивен, бил примерен ученик и добивал стипендија.