Агенција за безбедност на Израел, позната како „Шин Бет“, спречи обид за шпионажа против министерот за одбрана Бени Ганц.

Осомничениот е чистач кој работел во куќата на Ганц и кој се обидел да продаде тајни информации на хакерска група која наводно е поврзана со Иран, објави израелскиот обвинител.

„Шин Бет“ истрагата ја водел со знаење на министерот, а против извесен Горен Гороховски (37) е покрената кривична постапка, објавија израелските медиуми.

Според обвинителството, тој контактирал со хакерската група „Црна сенка“, нудејќи им доверлив материјал и пристап до компјутерот на министерот. Обвинителот рече неговиот обид за шпионирање бил спречен пред да успее да и предаде нешто на таа хакерска група.

Гороховски, израелски државјанин, се обидел да контактира со хакери преку лажен идентитет на социјалните мрежи, откако дознал дека нивен интерес биле цели во Израел. Тој понудил да инсталира шпионски софтвер на компјутерот на Ганц, барајќи пари.

Исто така, според обвинителот, тој и испратил на групата десетици слики од куќата на министерот, вклучително и слики од нејзината внатрешност, но и слики од IP адресата на министерот, за да докаже дека навистина работи за министерот.

Горен има криминално досие, бидејќи 14 пати бил апсен, пет пати осудуван и четири пати затворан.

Опозицијата во Кнесетот, израелскиот парламент, побара истрага за тоа како е можно човек со криминално досие да биде вработен кај министерот.