Францускиот претседател, Емануел Макрон изјави по повод претстојните избори за Европскиот парламент, дека сака европските институции да ги водат компетентни и силни лидери во текот на следните пет години, додавајќи дека нивната националност не треба да игра улога за време на изборите.

-Не сум опседнат со националноста. Мора да избегнеме ситуации во кои поради компромиси е избран помалку добар кандидат- рече Макрон пред новинарите во Романија, каде се одржува самитoт на лидерите на ЕУ.