Вилијам Ванг Ликијанг

Кинезот што тврди дека е таен агент поддржан од Пекинг кој пребегал во Австралија, всушност е осудуван измамник и баран криминалец, тврди шангајската полиција, а пренесува весникот „Саут чајна морнинг пост“.

Полициското соопштение е издадено откако австралиските медиуми објавија дека Вилијам Ванг Ликијанг дал изјава под заклетва во Австралиската служба за национална безбедност (АСИО), во врска со обидите на Пекинг да влијае врз политиката во Хонгконг, Тајван и во Австралија.

Австралиските медиуми известија дека Ванг на АСИО ги дал идентитетите на виши офицери од кинеското воено разузнавање во Хонгконг, како и деталите за начинот на финансирање на шпионските активности во регионот.

Шангајската полиција соопшти дека Ванг е 26-годишен невработен маж од Нанпинг, кој е осуден на условна казна од една и пол година во октомври 2016 година, поради измама. Според документите за случајот, Ванг „измислувал факти и ја криел вистината“ за да измами 17 илјади долари од извесен маж на кого му ветил дека ќе ги запише неговите деца во приватно школо во 2015 година. Во тек е уште една истрага за случај во кој Ванг, наводно се стекнал со 650 илјади долари по измама со увоз на автомобили.

Самопрогласениот шпион заминал за Хонгконг на 10 април, со лажен кинески пасош и лажни документи на Хонгконг, според полицијата.

Ванг, пак, тврди дека бил лично вклучен во политичката инфилтрација и во разузнавачки операции во Хонгконг, Тајван и во Австралија, како и во киднапирањето и задржувањето на Ли Бо, сопственикот на книжарница во Хонгконг кој исчезна во 2015 година. Кинеските власти ги негираа обвинувањата дека се вмешани во случајот.

Ванг сега бара азил во Австралија бидејќи, како што вели, се плаши дека ќе биде егзекутиран ако се врати во Кина. Австралиските надлежни служби го разгледуваат неговото барање