Лани 62 проценти од испитаните граѓани на Европската Унија на возраст од 16 и повеќе години изјавиле дека се среќни цело време, посочуваат резултатите од истражувањето на Еуростат. Според истражувањето, најсреќни се граѓаните на Белгија, Холандија, Австрија и Финска, додека најнесреќно се чувствуваат граѓаните на Хрватска, Бугарија и Летонија, која е на последното место. Споредено со 2013 година, бројот на среќни луѓе во ЕУ се зголемил за над 2 процентни поени. Според Еуростат, крајните резултати покажале дека во Шпанија бројката на луѓе што се радуваат цело време (29 отсто) е највисока, додека слична бројка на луѓе во Летонија (28 отсто) изјавиле дека ретко се среќни или никогаш. Графиконот не ја опфаќа Македонија, што го отвора чувствителното прашање каде ли сме ние на оваа листа?!