Протестите во Либан поради големата експлозија во Бејрут продолжија и вечерва, иако Владата на Хасан Диаб си даде оставка. Протестите во Либан започнаа само неколку дена по експлозијата, а стотици беа повредени првиот ден, додека еден полицаец беше убиен.

Демонстрантите, кои бараа одговорност од надлежните за експлозијата во пристаништето во Бејрут, се обидоа да ги заземат владините згради, но беа протерани од безбедносните сили. Иако либанската влада денеска поднесе оставка, протестите во Бејрут продолжија.

Најмалку 200 луѓе ги загубија животите во катастрофалната експлозија на магацин во пристаништето во Бејрут, а протестите со денови траат во Либан. Демонстрантите окупираа неколку владини министерства и фрлаа камења и други предмети кон безбедносните сили.

Во конфликтот со демонстрантите, полицијата испукала солзавец и гумени куршуми кон демонстантите, а во некои случаи дури и пукале, пренесува Си-ен-ен.