Најмалку еден човек загина, а десет се повредени, од кои три потешко, во силна експлозија во хемиска фабрика во североисточна Шпанија.

Човекот загинал кога зградата се урнала, откако била погодена од воздушен бран предизвикан од експлозија во фабриката во областа Тарагона, објавија весниците „Вангардија“ и „Паис“.

Кабинетот на премиерот Педро Санчез соопшти дека тој е во контакт со каталонските власти и дека Мадрид е подготвен да пружи неопходна помош.

„Ројтерс“ пренесува дека на лице место се 20 противпожарникарски возила, 11 возила на брзата помош и хеликоптер.

Властите наредија населението да остане во своите домови со затворени прозори, иако засега нема податоци дека воздухот е загаден. Се уште не е позната причината за експлозијата.