Неексплодирана бомба од Втората светска војна, пронајдена за време на градежни работи во финансискиот центар на Франкфурт, успешно била деактивирана утрово.

– Сите блокади се отстранети – објавија пожарникарите.

Околу 16.000 луѓе беа евакуирани за време на операцијата за неутрализација на бомбата.