Според годишната референтна публикација „Етнолог“, англискиот има приближно 1,4 милијарда луѓе во светот кои го зборуваат како прв или втор јазик, наспроти кинеските 1,1 милијарда. Учесниците во тестовите од само две азиски земји покажуваат нивоа на владеење на англискиот јазик над умереното. Сингапур, всушност, го освои четвртото место во годинашниот рејтинг со индексна оценка од 635, додека малезиските полагачи на тестови по јазик во просек покажаа високо познавање. Европските земји како Холандија, Австрија и Данска се најдоа на прво, второ и трето место во генералниот пласман, соодветно. На африканскиот континент, Јужна Африка покажа највисоко владеење на англискиот јазик со оценка од 606, додека Аргентина го зазеде првото место во Латинска Америка со 556, а Либан е највисоко рангирана меѓу земјите од Блискиот Исток со 536. Севкупно, 86 од 112 вклучени земји постигнале ниско или повисоко ниво на владеење на англискиот јазик во 2021 година.

Подготвил: Дејан Србиновски