Запленетата дрога била сокриена во електронска опрема.

Властите во САД конфискуваа метамфетамин во вредност од скоро една милијарда долари кој бил наменет за црниот пазар во Австралија, пренесува Си-ен-ен. Станува збор за најголемата заплена на дрога во историјата на американска територија, објавија од австралиската полиција која соработувала со американските власти.

Околку 1,7 тони метамфетамин се запленети во сојузната држава Калифорнија на 9-ти јануари од страна на властите во САД, заедно со помали количини на кокаин и хероин, објави полицијата. Според проценките, вредноста на дрогата на црниот пазар изнесува 1,29 милијарди австралиски долари, а пратката била планирана да пристигне во Австралија.

Вчера, полицијата во Австралија уапси шест луѓе во сојузните држави Викторија и Нов Јужен Велс кои навондно се поврзани со криминални групи во САД за кои се верува дека ја организирале пратката со запленетата дрога.

– По акцијата во Вудсток, запленети се стотици илјади долари заработени од криминал и околку 6,5 килограми метамфетамин на имот во Кеилор Даунс – изјавија од полицјата.

Тројца од уапсените во Австралија ќе се појават пред Судот во Мелбурн денес.

Властите во Канада исто така спроведоа акции во Бурнаби, во сојузната држава Бритиш Колумбија, во обид да разбијат меѓународна криминална група која исто така се верува дека е поврзана со шверцот на дрогата.

Полицијата објави фотографии на кои може да се забележи дека дрогата била сокриена во внатрешноста на електронска опрема и поставена на дрвени платформи.

– Со пронаоѓањето на дрогата и стопирањето на шверцот, се осигуравме дека криминалците нема да профитираат од негативните ефекти кои оваа дрога ќе ја предизвикаше на нашето општество – изјави Брус Хил, гласноговорник на одделот за организиран криминал на Австралиската федерална полиција.

Си-ен-ен информираше дека Џејмс Кароусо, американскиот амбасадор во Австралија изјави дека ова запленување на рекордни колични на дрога покажува колку е важна соработката на САД и Австралија за подобра заштита на американското и австралиското население.
– Секој ден, службите на САД и Австралија работат заедно за да ја одржат безбедноста – рече Кароусо.

Според федералните власти во австралиската сојузна држава Викторија, околку 2 тони метамфетамин се конзумираат во државата на годишно ниво.

– Запленувањето на 1,7 тони дрога пред да стигне на улиците ќе има огромен ефект врз црниот пазар за дрговија – изјави портпаролот на Комисијата за криминално разузнавање Џејсон Холс.

Минатиот месец, полицјата во Австралија уапси членови на екипаж на малезиската авиокомпанија „Малиндо Ер“ под сомнение дека тие криумчареле хероин и метамфетамин со вредност од милиони долари од Азија во повеќе австралиски градови, како соработници на меѓународна криминална организација.