Властите на Руанда пронајдоа масовни гробници со тела на 5.400 жртви од геноцидот во 1994 година.

Пронајдени се 26 гробници во два региони во близина на главниот град на Руанда, Кигали.

Жител на еден од регионите им ја покажал на властите местоположбата на претходно непознатите гробови.

Во областа продолжува пребарувањето на уште гробови. Околу 18.000 тела беа откриени во април годинава.

Повеќе од 800.000 луѓе од племето Тутси и умерени претставници на племето Хуту беа убиени само за 100 дена во 1994 година.