Седиштето на Обединетите нации во Њујорк е под полициска блокада, јавуваат странските медиуми.
Според неофицијални информации, полицијата добила дојава за маж кој бил вооружен со сачмарка.
Според медиумите, полициски хеликоптер е задолжен за областа.

На вработените во Обединетите нации им беше препорачано да останат во засолништето додека не заврши полициската акција.
– Добивме повик дека на аголот на улицата 42 и Првата авенија е забележан вооружен маж – изјави извор од полицијата.