Долниот дом на бритранскиот Парламент вечерва со 391 глас „против“ и 242 гласа „за“ вторпат го отфрли договорот за Брегзит, што претсавува нов тежок удар за обидите на премиерката Тереза Меј за регулирано истапување на Велика Британија од ЕУ.

Ова е уште еден пораз за премиерката Меј, откако во јануари пратениците исто така гласаа против договорот. Меј рече дека следно ќе се гласа за тоа дали Велика Британија ќе излезе од Европската Унија без договор на 29 март, а доколку и тоа гласање не е успешно, ќе одлучува дали брегзит треба да се одложи.

Доколку Парламентот одбие да одобри брегзит без договор утре, гласање за одложување на активацијата на „Артикл 50“ (правниот механизам со кој Велика Британија излегува од ЕУ на 29 март) ќе се одржи во четврток.