Пронаоѓањето вакцина против новиот коронавирус или Ковид-19 е во полн ек, но ќе потрае барем уште една година додека не биде подготвена, а веќе сега постојат лекови што се даваат во случаи на комплицирана инфекција на опасниот вид на коронавирусот, пишува „Дојче веле“.
 
Пред речиси еден месец кинеските експерти дешифрираа генетски код на коронавирусот и ги ставија своите откритија на располагање на целиот свет.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска треба да потпише законски акт за издавање 8,3 милијарди долари за борба против болеста.
 
Парите треба да им се доделат на федералните здравствени служби за набавка на вакцини, тестови и медицински средства, како и да им помогнат на федералните држави и локалните власти подготвено да ја пречекаат заканата од ширење на коронавирусот.
 
Во меѓувреме, како превентивна мерка против ширење на коронавирусот, политичарите во САД, Франција и во Кина вообичаеното ракување го заменија со мавтање или со поздравување со лактите.