Мајка од Австралија е обвинета за убиство, откако нејзините две деца биле пронајдени мртви во прегреан автомобил, пишува „Би-би-си“.
Две девојчиња на возраст од една и две години биле пронајдени од полицајци во автомобил во Квинсленд. Полицајци и лекари биле повикани на адреса на една куќа до која се наоѓал автомобил паркиран со несреќните девојчиња. Кога биле пронајдени девојчињата, во автомобилот имало температура од околу 31 степен.
Нивната мајка, 27-годишната Кери-Ен Конли е обвинета за убиство. Во Австралија, некое лице може да биде обвинето за убиство ако покажало невнимателна рамнодушност кон животот на човекот. Покрај тоа, таа била обвинета за поседување дрога.