Шпанската полиција разби организирана криминална група која на нелегален начин пренесувала Албанци во Велика Британија, а Шпанија била местото од каде тргнувале мигрантите.
Водич на групата е албански државјанин, кој живеел во населбата Пиелагос во Кантабрија, каде привремено ги засолнувал своите сонародници.
– По кусо задржување, во соработка со шпански возачи кои ги криеле Албанците во возилата со кои превезувале различна стока, ги префрлале во Франција, по што со траект заминувале во Велика Британија. На лицата кои биле илегално пренесувани им биле наплатувани по шест илјади евра.
Криминалната група се занимавала и со недозволена трговија со дрога, набавувана во Холандија, а за продажба биле користени лицата кои чекале да заминат за Шпанија.
Во акцијата насловена „Алмар“ уапсени се 14 лица, повеќето албански државјани, како и државјани на Шпанија, Мароко и Колумбија. Во куќата се откриени и три Албанки, од кои две малолтнички, една државјанка на Колумбија и една на Шпанија. Полицијата запленила и 17 килограми хашиш, 300 грама кокаин и повеќе документи на албански и англиски јазик, мобилни телефони и поголема сума на пари.