ФОРМУЛА 1 – ПРЕД ТРКАТА В НЕДЕЛА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
- Автомобилите за парадата на возачите на годинашната трка се направени од повеќе од 28.000 коцки, тежат околу 280 кг, од кои 65 кг се коцки, и можат да достигнат брзина до 25 км/ч, пишува „Ројтерс“
Возачите на Формула 1 ќе направи параден круг на патеката во Силверстоун пред трката за големата награда на Велика Британија в недела во мини-автомобили направени од лего-коцки, пишува агенцијата „Ројтерс“. Тоа е дел од серијата во соработка помеѓу спортската организација во сопственост на „Либерти медија“ и данскиот производител на играчки, по настаните на неколку трки во 2025 година, пишува „Ројтерс“.
Во Мајами лани возачите излегоа на патеката околу стадионот „Хард рок“ во 10 електрични автомобили, со две седишта во природна големина, направени од лего.
Минатиот јули првите тројца финалисти на трката за големата награда на Велика Британија беа наградени за нивните напори со трофеи направени од лего. А подоцна, во Лас Вегас, „кадилак“ од 1950-тите години, направен од повеќе од 418.000 лего-коцки, управуван од актерот Тери Крус, беше искористен за да ги однесе првите тројца возачи на подиумот.
Автомобилите за парадата на возачите на годинашната трка се направени од повеќе од 28.000 коцки, можат да достигнат брзина до 25 км/ч на стандардни тркала за картинг, ги носат ознаките и броевите на возачите на тимовите за 2026 година и тежат околу 280 кг, од кои 65 кг се коцки, пишува „Ројтерс“. Н.М.

































