Заеднички тренинг во борби и кати, насловен „Ден за карате“, на кој беа поканети сите клубови-членки на Карате-федерацијата на Македонија (КФМ), со своите тренери и натпреварувачи во сите возрасни категории, се одржа во Скопје. Притоа се разменија искуства со повеќе колеги од повеќе клубови од цела Македонија.
– Тренингот се одржа под водство на селекторите и нивните заменици, во борби, сениори и јуниори до 21 година, Александар Кузмановски, Мартин Несторовски и Наташа Стефановска, јуниори Берат Јакупи и Стевче Христовски, кадети Дејан Ристевски и Мурсељ Мисими, до 14 години Шефи Речи и Ивица Милевски, до 12 години Дурим Пачуку и Мартин Петрески. Во кати, селекторот за сениори и јуниори до 21 година, Стојан Андриевски, јуниори Ивана Аврамова, кадети Неџби Дервиши, до 14 години Муарем Имери, до 12 години Маја Војдиновска, како и клупските тренери. Бea разменети тренерски и судиски искуства, каде што главен дел имаше Судиската комисија на КФМ – ни изјави селекторот Александар Кузмановски.
Во рамките на „Ден за карате“, тренерите имаа и заеднички состанок со претседателот на КФМ, Петар Белистојаноски, и со директорот на репрезентацијата, Арлинд Хусеини, на кој главно се слушнаа мислења и предлози за измена и дополнување на Правилникот за работа на националните репрезентативни селекции на КФМ. Состанокот поминал во работна и конструктивна атмосфера, а за сите дадени предлози, претседателот на КФМ истакна дека ќе бидат земени предвид и вметнати во предлог-текстот за правилникот, кој доколку биде прифатен од сите клубови, ќе се даде на изјаснување до членовите на ИО на КФМ, информираат од КФМ. Г.И.