АТЛЕТИКА

Токио (Јапонија) ќе биде домаќин на Светското првенство (СП) во атлетика во 2025 година, објави „Би-би-си“. Токио беше домаќин на Летните олимписки игри 2020, а настаните се одржаа една година подоцна од предвиденото во 2021 година и зад затворени врати поради пандемијата на коронавирусот. Годинашното СП, одложено од 2021 година, почна вчера во Јуџин (САД), а Мундијалот во 2023 година треба да се одржи во Будимпешта (Унгарија).
Токио беше домаќин на СП во атлетика во 1991 година, кога Американецот Мајк Пауел во скок во далечина прескокна 8,95 метри, надминувајќи го за пет сантиметри светскиот рекорд на сонародникот Боб Бимон од 1968 година. Досега само Хелсинки (Финска) двапати бил домаќин на СП во атлетика (1983 и во 2005 година).