АТЛЕТИКА

Кили Хоџкинсон од Велика Британија го собори светскиот рекорд на 600 метри во сала за атлетичарки на митингот на Светската турнеја во сала во Манчестер. Освојувачката на сребрениот олимписки медал истрча време од една минута и 23,41 секунда, подобрувајќи го рекордот на Русинката Олга Котлјарова со 1:23,44 минути поставен во 2004 година, пишува „Би-би-си“. Во 2022 година Хоџкинсон освои сребро на 800 метри на Светското првенство, а потоа злато на Европското првенство.