Фото: ЕПА

ТЕНИС – ПО ТРИУМФОТ НА ТУРНИРОТ ВО ХАНГЖУ
Чилиќ стана најслаборангиран шампион во историјата на АТП-турнирите

Хрватот Марин Чилиќ (35) повторно е победник на еден АТП-турнир, откако го совлада Кинезот Жижен Жанг со 7-6, 7-6, на турнирот „Хангжу опен“, со што ја освои својата прва тениска титула по 2021 година, пишува Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП). Чилиќ на почетокот на турнирот беше на 777-то место, а од понеделникот е на 373-та позиција на АТП-листата. Со оваа победа тој стана најслаборангиран победник во историјата на АТП-турнејата (од 1990 година), пишува АТП.
– Изминатите неколку месеци беа тежок период за мене. Го загубив пласманот и не играв премногу. Голема благодарност до организаторот на турнирот што ми даде можност да играм – рече Чилиќ, кој кој на овој турнир настапи со покана (т.н. вајлд-карта).
Поранешниот тенисер број три во светот, кој пропушти неколку месеци поради повреда на коленото, сега го освои 21. турнир во 13 различни сезони, а ова беше негова 16-та на тврда подлога. Г.И.

Најслаборангирани победници на АТП-турнири од 1990 г.

РАНГ ТЕНИСЕР ТУРНИР ГОД.
777 Марин Чилиќ Хангжу 2024
550 Лејтон Хјуит Аделаид 1998
355 Пабло Андухар Маракеш 2018
352 Фернандо Гонзалес Орландо 2000
349 Томи Хас Хјустон 2004
335 Хуан Мануел Черундоло 2021

Извор: АТП


Бостон е еден од ретките маратони за кои се бара од аматерите да исполнат квалификациско време за да се натпреваруваат. Големиот број апликанти значеше дека учесниците мораа да ја надминат квалификациската норма за шест минути и 51 секунда, за да добијат место

АТЛЕТИКА
Бостонскиот маратон го намали бројот на тркачи поради наплив на апликации

Околу 12.000 тркачи што ги исполнија квалификациските стандарди за Бостонскиот атлетски маратон во 2025 година нема да имаат место на стартната линија, соопштија организаторите, по напливот на апликации, пишува агенцијата „Ројтерс“. Бостон е еден од ретките маратони за кои се бара од аматерите да исполнат квалификациско време за да се натпреваруваат.
Но големиот број апликанти значеше дека учесниците мораа да го надминат квалификациското време за шест минути и 51 секунда за да добијат место. Според претседателот и извршен директор на Бостонската атлетска асоцијација, Џек Флеминг, 36.393 апликации за квалификациите ја одразуваат зголемената популарност за маратонското трчање.
– За жал, не можеме да ги прифатиме сите, но сакаме да им се заблагодариме и да им аплаудираме на сите чија цел беше да бидат дел од настанот во 2025 година – рече Флеминг.
Во почетокот на месецов организаторите го приспособија стандардот на квалификација и за трката во 2026 година, при што од тркачите на возраст под 60 години е побарано да трчаат пет минути побрзо за да се квалификуваат. Г.И.


ФУДБАЛ

Телефонски договор за гледачите на СП 2026 е дел од спонзорскиот договор на „Верајзон“ со ФИФА

На гледачите што ќе пристигнуваат во Северна Америка за Светското првенство (СП) во 2026 година им е ветена помош за покривање на нивните мобилни телефони од „Верајзон“, како дел од спонзорскиот договор со Светската фудбалска федерација (ФИФА) објавен во вторникот, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Технолошкиот провајдер со седиште во Њујорк рече дека ФИФА очекува три милиони меѓународни посетители во САД, Канада и во Мексико за турнирот со 48 репрезентации.
– Ќе имаме беспрекорно примопредавање на телефоните, кои доаѓаат со она што ние го нарекуваме „мека СИМ-картичка“. Не ви треба тврда СИМ-картичка. Гледачите, исто така, треба да очекуваат брза услуга за податоци на стадионите за Светското првенство и зоните за навивачи – рече извршниот директор на „Верајзон“, Ханс Вестберг, во интервју на интернет, пренесе АП.
Вкупно 104-те натпревари ќе се играат во 16 града, вклучувајќи и 11 стадиони во САД каде што „Верајзон“ работи со клубовите од НФЛ-лигата (американски фудбал).
– Во основа веќе сме вградени на сите стадиони. Сакаме сите гледачи да го имаат најдоброто искуство на стадионите – рече