Шахистките на МШК Центар се првенки на Македонија
По седум одиграни кола, во конкуренција на осум екипи, на Екипното првенство на Македонија за шахистки, најдобар резултат оствари МШК Центар од Скопје.
Екипата во состав ЖВМ Белослава Крастева (Бугарија), ЖВМ Викторија Радева (Бугарија), Ивана Манова и Моника Жежовска е екипен шампион во женска конкуренција за 2024 година. На второто место, со ист број победи, но со помалку освоени поени, се пласира екипата на ШК Алкалоид од Скопје, а третото место му припадна на ШК Куманово, пишува Шаховската федерација на Македонија (ШФМ).