ШАХ – ТУРНИР ВО ГРАЦ
Македонскиот шаховски интернационален мајстор (ИМ) Емил Ристески игра одлично на меѓународниот турнир „Опен Грац 2025“ во Австрија, откако по три кола има три победи и е на водечката позиција со уште петмина шахисти.
Во второто коло, репрезентативецот Ристески (2.368, рангиран 36-ти пред почетокот на турнирот) со бели фигури го победи ФИДЕ-мајсторот (ФМ) од Хрватска, Даворин Бубаловиќ (2.178, рангиран 109-ти), а во третото беше поуспешен со црни фигури од полскиот претставник Рафал Ковалчук (2.205, рангиран 101-ви). Ристевски вчера, во четвртото коло со бели фигури, за противник го имаше ИМ од Индија, Чандра Прасад Дулипала (2.432, рангиран 23-ти).
Ристески (20) настапува на А-турнирот, кој се игра во девет кола со класично темпо на игра, во конкуренција на 226 шахисти од 43 земји (11 ВМ, три ЖВМ, 27 ИМ, девет ЖИМ, 45 ФМ, 10 ЖФМ). Прворангиран пред почетокот на турнирот е велемајсторот (ВМ) од Словачка Јергус Пехач (рејтинг 2.603) и е единствениот шахист со рејтинг поголем од 2.600 поени, кој засега е на 58-то место со два поена.Г.И.