Фото: ЕПА

ТЕНИС – ВИМБЛДОН

На еден меч до крајот на годинашниот турнир во Лондон се одиграни 37 дуели во пет сета, два повеќе од претходниот рекорд поставен во 1983 година и годинава

Годинашниот гранслем-турнир Вимблдон постави нов рекорд за најмногу одиграни мечеви во пет сета, 37, на гранслем-турнири, иако до крајот на годинашното издание имаше уште еден меч. Рекордот досега беше 35, актуелен повеќе од четири децении, а годинава беше израмнет на Австралија опен.

На Ролан Гарос во 1992 година, 20 меча во првото коло се играа во пет сета, но во текот на последните фази на турнирот имаше само еден таков натпревар. Пит Сампрас го освои Вимблдон во 1994 година и загуби само еден сет додека преостанатите мораа да играат понапорно. Андре Агаси одигра три меча во пет сета пред да загуби во четвртото коло. И Брајан Шелтон одигра три. На Ролан Гарос во 2001 година петтиот носител Сампрас и осмиот носител Пат Рафтер беа меѓу мноштвото играчи што загубија во пет сета во првото коло, а 19 средби се играа во максимален број сетови. Вимблдон во 2010 година го даде епскиот меч во пет сета, помеѓу Џон Иснер и Николас Мау, во кој победи Иснер со 6-4, 3-6, 6-7 (7-9), 7-6 (7-3), 70-68, по 11 часа и пет минути игра. Единаесет од мечевите во второто коло отидоа во пет сета, но ниту еден од четврт-финалето до крајот, пишува порталот „тенис 365“.

На Вимблдон во 1969 година беше поставен досегашниот рекорд, кој беше актуелен дури 55 години, а беше поставен само една година по почетокот на т.н. опен-ера. Петнаесет од натпреварите од првото коло имаа пет сета, а 10 во второто коло. САД опен во 2004 година беше блиску до рекордот на сите времиња пред две децении. Николај Давиденко одигра 14 од можните 15 сета во првите три кола пред да загуби од Лејтон Хјуит во четвртото коло. Петтиот носител Тим Хенман стигна до четврт-финалето и одигра 19 од 20 сета во првите четири кола, пред да биде елиминиран во четири сета. САД опен во 1983 година го држеше рекордот за најмногу мечеви во пет сета на гранслем-турнирите од 1983 година. Осумнаесет од мечевите во првото коло се играа со максимален број сетови, а Американецот Витаутас Герулаитис почна со три последователни меча во пет сета пред да загуби во третото коло. Третиот носител Џими Конорс ја освои титулата и тој беше еден од најсвежите играчи, оти ниту еден од неговите дуели немаше пет сета.

Финалето на Австралија опен годинава отиде во пет сета, а Јаник Синер од негатива 0-2 дојде до победа против Данил Медведев, кој, пак, одигра пет сета и со Александер Зверев во полуфиналето, Хуберт Хуркач во четврт-финалето, Нуно Борхес во четвртото коло и со Емил Русувуори во второто коло. Зверев одигра три меча во пет сета заедно со Адријан Манарино. Годинашниот Вимблдон го надмина претходниот рекорд, со победата на Медведев во пет сета над светскиот рекет број еден, Синер во четврт-финалето. Г.И.