На првенството на помлади сениори настапија осум клуба, со 28 учесници, а во конкуренција на ветерани седум клуба, со вкупно 19 натпреварувачи

ЏУДО

Во спортската сала при СОУ „Јосип Броз-Тито“ во Битола, во организација на Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ), а во техничка на битолскиот џудо-клуб Пелистер, се одржаа првенствата на Македонија за помлади сениори/ки (до 23 години) и за ветерани/ки. Комплетната организација на првенството беше без никаква забелешка од делегираните лица и од клубовите учесници, информираат од ЏФМ. Натпреварите ги отвори спортскиот директор при ЏФМ, Дејан Мицкоски.
На ДП за помлади сениори/ки, во категоријата до 60 кг прв е Сергеј Димитриоски (Пролетер), втор Игнат Петров (Кожувчанка), трет Зоки Колевски (Ипон), до 66 кг победи Христијан Ангелески (Пролетер), втор е Михаил Димоски (Сеишин), а трет Михаил Стојановски (Сеишин), до 73 кг победи Никола Магдески (Сеишин), пред Петар Андоноски (Пролетер) и Кристијан Маѓероски (Сеишин). Во женска конкуренција во категоријата до 52 кг прва е Нина Николоска (Пролетер), а втора Дариа Јованова (Кожувчанка), до 57 кг славеше Ханија Друштинац (Миоки), пред Галина Гешоска (Пролетер) и Деспина Богеска (Пролетер), до 63 кг прва е Ива Богдановска (Миоки), втора Азра Заими (Миоки), а трета Драгица Рафтоска (Дрим), до 70 кг најдобра е Христина Мантароска (Сеишин), втора е Мила Јованова (Кожувчанка) и до 78 кг прва е Марија Треневска (Ипон), а втора Марија Андова (Кожувчанка).

Најмногу медали освои Пролетер (четири златни, два сребрени и еден бронзен), пред Сеишин (3-1-2), Миоки (2-1-0), Ипон (1-0-1), Кожувчанка (0-4-0), и Дрим (0-0-1). Настапија осум клуба, со 28 учесници, од кои 14 џудистки.
На ДП за ветерани/ки, во категорија до 73 кг првото место му припадна на Никола Божиновски (Карпош џудо мастер), второто на Сашо Димоски (Прилеп), а третото на Бетим Ибраими (Ипон). Во категорија до 90 кг прв е Марин Билјаноски (Дрим), втор Јове Скерлевски (Пелистер), трет Драган Митревски (Пелистер), до 100 кг (М7) првото место го освои Марјан Димески (Сеишин), второто Пеце Гулевски (Пелистер), во категоријата над 100 кг (М5) победи Ромео Рајков (Пелистер), пред Методија Ангелов (Ипон), во категоријата над 100 кг славеше Марко Маневски (Миоки), пред Мартин Ристески (Сеишин). Во женска конкуренција во категорија до 63 кг прва е Јелена Јовевски (Пелистер), втора Милена Стојковска (Пелистер). Првенството на Македонија заврши со ревијална борба во категоријата до 73 кг, помеѓу Биркан Мехмед од Турција, кој активно тренира во клубот Миоки, и Сашо Димоски од ЏК Прилеп во категорија до 73 кг. На првенството настапија Дрим, Ипон, Пелистер, Карпош џудо мастер, Миоки, Прилеп и Сеишин со вкупно 19 натпреварувачи, од кои 16 во машка и три во женска конкуренција. Г.И.