АТЛЕТИКА
Кениецот Бримин Мисои и Етиопјанката Воркенеш Едеса поставија рекорди во победите на машката, односно женската трка на маратонот во Сиднеј (Австралија). Мисои ја истрча делницата за два часа, шест минути и 17 секунди, време подобро за 46 секунди од претходниот рекорд пред две години од неговиот сонародник Мозес Кибет. Втор беше Чалу Десо Гелмиса од Етиопија со време два часа, осум минути и една секунда, а трет низ целта мина Феликс Кипто Кирва со време од два часа, 24 минути и 16 секунди, исто така од Кенија, пишува Светската атлетика, а пренесе „Ројтерс“.
Едеса, пак, го надмина за речиси три минути стариот рекорд на патеката во Сиднеј, поставен од Стела Барсосио во 2019 година. Едеса (32), која победи на маратонот во Осака претходно годинава, трката ја заврши за два часа, 21 минута и 40 секунди, убедливо пред сонародничките Рути Ага (два часа, 23 минути, девет секунди) и Готитом Гебресласе (два часа, 24 минути, 16 секунди).
Маратонот во Сиднеј се одржува со 24.000 натпреварувачи. Трката е веќе втора година во процес на оценување, за тоа дали да се приклучи на маратоните во Токио, Бостон, Лондон, Берлин, Чикаго и Њујорк, односно да биде дел од елитниот светски маратон во 2025 година. Г.И.