Ива Богдановска и Азра Заими освоија по два медала во различни возрасни или тежински категории
ЏУДО
Џудистите на скопскиот клуб Миоки, предводени од тренерот Игор Паскоски, учествуваа на два меѓународни турнира и постигнаа одлични пласмани, освојувајќи вкупно осум медали, од кои две први места, едно второ и пет трети места, ни изјави претставникот на клубот Владимир Крстев.
На турнирот во Аминдео (Грција), во конкуренција na околу 400 учесници, Миоки се закити со по два златни и бронзени и еден сребрен медал. Највисоко на подиумот се искачија Ива Богдановска (категорија до 57 кг) во возрасната категорија до 18 години и Азра Заими (до 52 кг) во сениорска конкуренција.
Георгина Блажеска (до 48 кг) освои вицешампионско место до 18 години. Богдановска и Заими освоија уште по еден медал, но во друга тежинска или возрасна категорија. Така, Богдановска (до 63 кг) беше втора до 18 години, а Заими (до 52 кг) трета до 18 години. Солиден настап имаше и Ханија Друштинац, која е петтопласирана.
На меѓународниот турнир во Ниш (Србија), пак, во конкуренција на 475 натпреварувачи/ки, Миоки освои три трети места. Со бронзи се закитија Нина Панчевска (до 40 кг) во возрасната категорија до 13 години, Марко Панчевски (до 60 кг) до 15 години и Петар Давчев (до 60 кг) исто така до 15 години. Добро се бореше и Ерик Крстев, кој го освои петтото место. Г.И.