Оптимизмот кај македонските каратисти е огромен и очекувам тие што се тука да бидат на потребното ниво, да го дадат максимумот и да освоиме повеќе медали, вели селекторот во борби Кузмановски
КАРАТЕ – ВИКЕНДОВ МЕДИТЕРАНСКО ПРВЕНСТВО
Македонската карате-репрезентација денеска и утре ќе настапи на Медитеранското првенство во кадетска, јуниорска и сениорска конкуренција (поединечно и екипно), кое се одржува во тунискиот град Радес. Во конкуренција на 19 држави со 447 каратисти, боите на Македонија ќе ги бранат 22 каратисти (21 во борби и една натпреварувачка во кати), а екипно ќе настапат и четири екипи, од кои две во јуниорска и две во сениорска конкуренција во обете конкуренции. Репрезентацијата ја предводат селекторите Александар Кузмановски (борби) и Берат Јакупи (кати).
– Оптимизмот кај македонските каратисти е огромен и очекувам тие што се тука да бидат на потребното ниво, да го дадат максимумот и со тоа да остварат добри резултати, односно да освоиме повеќе медали. Секако очекувам медали и во екипните настапи. Вчера беше пријавувањето, а денеска и утре се настапите на татамите – ни изјави селекторот Кузмановски. Г.И.
Македонија, состав
КАДЕТИ: Мартина Петреска (до 47 кг), Фисник Шаќири (до 63 кг), Блертон Сулемани (до 70 кг). ЈУНИОРИ: Бесарт Мемети (до 55 кг), Недим Шаќири (до 61 кг), Матеј Белистојаноски (до 67 кг), Или Билјали (до 68 кг), Андреј Басаров (над 76 кг), Сара Цикуш (до 59 кг), Тамара Ѓурчиноска (до 59 кг) и Ера Коџа (до 66 кг) сите во борби и Данка Стојкова (кати). СЕНИОРИ: Викторија Јовановска (до 61 кг), Симона Заборска (до 61 кг), Јована Мицовска (до 61 кг), Ангела Мојсовска (до 68 кг), Бојана Манева (над 68 кг), Давид Петков (до 67 кг), Петар Заборски (до 75 кг), Мурсел Мисини (до 75 кг), Петар Спасеновски (до 84 кг) и Сетфан Стојановиќ (над 84 кг). ЕКИПНО, ЈУНИОРИ/КИ (борби): Басаров, Белистојаноски, Билјали, Мемети, Шаќири, Ѓурчиновска, Цикуш, Коџа. ЕКИПНО, СЕНИОРИ/КИ: Мисини, Петков, Спасеновски, Стојановиќ, Заборски, Јовановска, Манева, Мојсовска и Заборска.