Мајами е 11-та различна локација на која ќе се вози трка во САД (првата беше Индијанаполис во 1950 година), вкупно 77. во историјата на Ф1. Трката е утре од 21.30 часот по средноевропско време

Во Мајами (САД), в недела (од 21.30 часот по средноевропско време), ќе се вози првата трка во Формула 1, петта сезонава во рамките на Светското првенство (СП).
Трката ќе се одржи на патеката долга 5,412 км околу дел со вештачка марина, на која возачите ќе треба да извозат вкупно 57 круга. Мајами е вкупно 11-та различна локација на која ќе се вози трка во САД (првата беше во Индијанаполис, во 1950 година), а вкупно 77. во историјата на трките во Формула 1.
По четири годинашни трки, возени во Бахреин, Саудиска Арабија, Австралија и во Италија, на табелата кај возачите води Французинот Шарл Леклерк од Ферари, со 86 поени (три пласмана на подиумот, од тоа две победи и едно второ место), пред двајцата возачи на Ред бул, бранителот на титулата, Холанѓанецот Макс Ферстапен (два подиума со две победи) со 59 бода, и Мексиканецот Серхио Перез (два пласмана на подиумот, со двете втори места), кој има 54 поени.