ДЕНЕСКА И УТРЕ ВО ДРМА И ВО ВОЛКОВО

Според планот од календарот на Федерацијата на коњички спортови на Македонија, а во организација на коњичкиот клуб Анималс од Скопје, денеска од 9 часот на теренот во населбата Дрма (Идризово) ќе се одржи третото коло од отвореното Лига-првенство на Македонија во прескокнување пречки. На програмата се три натпревари, во класите Е (штафета), А и Л, со височина на пречките од 0,70 до 1,20 м и широчина од 1,30 м.

Утре, пак, од девет часот, во организација на клубот Бравадос од Скопје, на теренот на клубот во Волково (крај реката Лепенец), ќе се одржи третото коло од отвореното Првенство на Македонија во прескокнување пречки. Според распоредот, предвидени се пет натпревари во класите А, Б, Ц, Д и Е, со височина на пречките од 0,70 до 1,30 м и широчина од 1,40 метар. Г.И.