Партиите се следеа со голем интерес

ЗАБРЗАН ШАХ

ФИДЕ-мајсторот (ФМ) Љубомир Илиќ (рејтинг 2.028, рангиран четврти пред почетокот на турнирот) е победник на ветеранскиот турнир во забрзан шах „8 Септември“, кој во чест на Денот на Републиката, а во одлична организација на ШКВ Скопје 72, се одигра во Скопје.

Фото: ШКВ Скопје 72

Во конкуренција на 24 шаховски ветерани не постари од 60 години, по седум борбени и докрај неизвесни кола (време за размислување 15 минути, плус 10 секунди по секој потег), Илиќ со победа во последното коло освои вкупно шест поени, доволни за првото место. Втор е ФМ Јани Богоевски (2.235) со 5,5 поени, колку што имаше и третопласираниот Миле Трајковски (2.040), но со послаб дополнителен критериум. Следуваат ФМ Александар Кралевски (2.143) со пет, ФМ Љубомир Хаџи-Манев (1.879) и Илија Тодоровски (1.968) со по 4,5, Илија Стошевски (2.018) со четири поени итн. Г.И.