Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Јаник Синер со 6-3, 6-3 по сетови во финалето на завршниот мастерс-турнир во Торино, со што го освои натпреварувањето по рекорден седми пат. Србинот на тој начин го надмина неговиот ривал Роже Федерер, кој шестпати стигна до пехарот на завршниот мастерс во текот на неговата кариера.
Ѓоковиќ ќе ја заврши годината како водечки светски рекет по рекорден осми пат. Тој сезонава стигна и до рекордниот 24-ти гранслем-трофеј, откако ги освои Австралија опен, Ролан Гарос и САД опен, додека во Вимблдон загуби во финалето од Карлос Алкараз. Меѓу врвните постигнувања на популарниот Ноле сезонава, претставува и освојувањето на јубилејниот 40-ти трофеј на турнирите од мастерс-серијата 1.000.